Дали Билиќ ризикува да добие отказ како хрватски селектор?

На Хрватска ѝ се случи најголемиот пораз во фудбалската историја, загубија 0-7 од Англија и изгледаа многу лошо. Реакциите по тој меч не стивнуваат.
Славен Билиќ го наследи Златко Далиќ, но ова селекторско поглавје го отвори многу лошо.
Во хрватската јавност има дебата дали Билиќ треба експресно да биде сменет од функцијата или заслужува подолга шанса, размислувањата се различни.
Најголемиот хрватски портал, „Индекс“ направи анкета со едноставно прашање „Дали Билиќ треба да добие отказ?“.
Гласале речиси 32.000 луѓе, а 66 проценти од нив сметаат дека Билиќ треба да добие отказ, 34 проценти веруваат дека тој треба да остане.