Северна Ирска единствена репрезентација без примен гол во Лигата на нации

Денес ќе биде комплетирано четвртото коло од Лигата на нации, веќе може да се анализираат некои сегменти од натпреварувањето.

Статистиката вели дека досега гол не примила само селекцијата на Северна Ирска која се натпреварува во Лига Б. Таа е прво место во својата група во која се уште и Унгарија, Украина и Грузија.

Ирците имаат дадено четири голови, а немаат примено ниту еден. Имаат две победи и две нерешени со резултат 0-0.

Сите останати селекции без разлика дали имаат одиграно три или четири натпревари, примиле барем по еден гол.

Четири селекции не постигнале гол, тоа се Македонија, Грузија, Сан Марино и Лихтенштајн.