Агуеро со пофални зборови за почетокот на сезоната на Палмер

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Манчестер Сити, Сехио Агуеро, проговори за големата ѕвезда на Челзи, Кол Палмер.
„Кога бев таму, тој немаше многу можности да игра за Сити бидејќи имаше многу играчи од врвно ниво кои беа во добра форма.
Преминувањето во Челзи функционираше добро бидејќи му требаше да игра. Според мене, тој е сега најдобриот играч на Челзи“ – рече Аргентинецот.