Ѓоковиќ го освои Пекинг, Де Минор предаде во финалето

Новак Ѓоковиќ седми пат во кариерата ја освои титулата на Кина Опен, во Пекинг. Србинот никогаш не загубил меч на турнирот во Пекинг. Алекс Де Минор му го предаде финалето на Ѓоковиќ на почетокот на вториот сет. Ѓоковиќ го доби првиот сет во тај-брејк, Де Минор го освои првиот гем во вториот, а потоа реши да предаде.
Новак Ѓоковиќ, во Пекинг, го одигра 146-то финале во кариерата, ја освои 102-та титула. Србинот стана највозрасниот играч со титулата на турнирите од Серијата 500.
Ѓоковиќ, во изминатите три дена играше извонреден тенис, успеа да победи тројца играчи од Топ 10, Зверев, Медведев и Де Минор.
Следната станица за Ѓоковиќ е Мастерсот во Шангај. Доколку реши да настапи на овој турнир, во првото коло ќе биде слободен, а во вторито ќе игра против победникот од дуелот меѓу Хуркач и Дакворт.