Женг прва финалистка на турнирот во Пекинг

Тенисерката од Кина Кинвен Женг успеа да се пласира во финалето на ВТА турнирот во Пекинг, откако во полуфиналето ја победи Елена Свитолина со 2-0 во сетови (6-3 и 7-6(6)). На тој начин 54. та тенисерка на светот направи подвиг со пласманот во финалето на „домашниот“ турнир.
Во првиот сет Женг направи брејк на стартот во мечот, а тоа и донесе предност од 5:2, откако имаше уште еден брејк. Свитолина до крајот на сетот успеа да одземе сервис, но веднаш следуваше нов брејк.
Во вториот сет се играше тајбрејк, кој и припадна на тенисерката од Кина со 8:6 на поени.
Таа во финалето ќе игра со победничката од вториот полуфинален меч меѓу Елис Мертенс и Ига Швјонтек.