Марк Маркез прогласен за најдобар спортист на Шпанија за 2025 година

Шпанскиот совет за спорт го прогласи Марк Маркез за најдобар машки спортист во Шпанија за 2025 година.
Ова признание доаѓа како круна на неговата доминантна сезона во MotoGP, во која 33-годишниот возач на фабричкиот тим на Ducati ја освои својата седма титула во кралската класа, односно деветта во кариерата.
Маркез до титулата стигна со импресивни 11 победи на главните трки и 14 победи на спринтовите, обезбедувајќи го шампионскиот трофеј уште на Големата награда на Јапонија.
Со овој успех, тој стави крај на шестгодишното чекање за светска титула, период кој беше обележан со тешката повреда на десната рака на почетокот на сезоната 2020.