Силекс со триумф од Куманово ја прекина лошата серија

На лошата низа од шест меча без победа на Силекс, конечно, и дојде крајот. Кратовскиот тим денеска во 10. коло од ПМФЛ триумфираше на гостувањето кај Башкими во Куманово со 0:3, и со тоа избраниците на Александар Васоски се израдуваа на победа по серијата од три порази и три ремија.

Уште во 13. минута од средбата Силекс поведе. Донов се проби од левата страна и асистираше до Шеро, кому не му беше тешко од непосредна близина да го совлада Алиу.

Силекс целосно доминираше во првиот дел, а шанса за 0:2 имаше Манојлов, но неговиот обид заврши само над голот.

На стартот од вториот дел прекрасен погодок на Ефтимов. Се играше 48 минута кога Ефтимов доби една топка по левата страна, се реши да шутира и неговиот обид заврши во мрежата на Алиу, на изненадување на сите присутни.

Башкими се обиде да врати во 77. минута постигна и гол преку Рибеиро, но беше поништен поради офсајд во раната фаза од акцијата.

„Печат“ на победата на овој триумф на Силекс стави Александар Мишов. Откако доби топка од десната страна, сам се избори за позиција и со лева нова го совлада Алиу, за конечни 0:3.