Милеска го објави списокот на селекцијата до 17 години

Женската фудбалска репрезентација до 17 години ќе биде дел од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Селекцијата на Македонија е дел од четвртата група во Б лигата и на турнирот во Грузија каде покрај домаќинот ќе настапат уште Луксембург и Велс.
Првиот натпревар го играме против Грузија на 25 овој месец, а почетокот е закажан за 16 часот. Три дена подоцна од 14 часот се среќаваме со Луксембург додека на 31. октомври противник ни е Велс, а стартот на мечот е во 13 часот.
Селекторката на репрезентацијата Катерина Милеска за настап на турнирот ќе смета на следниве фудбалерки.
Голманки:
- Ања Стојмиловска – ЖФК Кочани
- Mагдалена Иломаноска – ЖФК Пелистер
Одбрана:
- Maрија Климоска – Brescia Femminile
- Лина Мицовска – ЖФК Кочани
- Софија Величковскa – ЖФК Речица
- Кеила Алиоски -Team AFF-FFV
- Eмилија Ивковиќ – ЖФК Скопје
- Нина Манасиева – ЖФК Кочани
- Стефани Богдановска – BK Hacken
Среден ред:
- Тамара Атанасовска – ЖФК Скопје
- Ања Каранфиловска – ЖФК Истатов
- Христина Јорданова – ЖФК Скопје
- Душица Лазареска – ЖФК Цевитана
- Софија Велинова – ЖФК Кочани
Напад:
- Елена Наумоска – ЖФК Скопје
- Јана Милошевска – ЖФК Скопје
- Лаила Бала – WFC Luzern
- Ана Марија Велевачкоска – ЖФК Цевитана
- Лана Спасовска – ЖФК Речица
- Глорија Тодорова – ЖФК Скопје