Компани: Имавме шанса да го победиме Арсенал

Главниот тренер на фудбалерите на Баерн Минхен, Винсент Компани, го анализираше ремито со Арсенал, во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Имавме шанса да дојдеме до победа, дуелот беше исклучително интензивен а тимот го даде максимумот. Резултатот веројатно е реален одраз на тоа што се случуваше на теренот“ – вели Компани.
Баварците со освоениот бод остануваат во трката за првите осум места на табелата и избегнување на првата елиминациска фаза.