Јунајтед бара замена за повредениот Шешко

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед веројатно ќе мораат да обезбедат нов напаѓач во текот на зимата бидејќи Бенџамин Шешко се соочува со потешка повреда.
Според медиумите во Англија, дваесет и тригодишниот репрезентативец на Словенија кој нема одиграно натпревар повеќе од еден месец, може да отсуствува и до крајот на сезоната.
Во отсуство на Шешко, во преден план доаѓа Холанѓанецот, Зиркзе, кој во текот на летото беше на излезната врата но, сепак остана кај „црвените ѓаволи“.