Судии од Словачка ќе ни судат во Глазгов

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одреди судиската екипа за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија во рамките на Б-лигата на ЛН.
Главен судија на средбата ќе биде Михаил Оченаш од Словачка.
Негови асистенти покрај аут-линиите ќе бидат сонародниците Адам Јекел и Тобиаш Пачак, додека четврти судија ќе биде Борис Марфетка. За ВАР-системот ќе бидат задолжени Австријците Алан Кијас и Харалд Лехнер.
Мечот ќе се одигра во петок со почеток во 20:45 часот на „Хемпден Парк“ во Глазгов.