Евротип предлог тикет – Недела 03.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 24 коефициент:
Челзи – Манчестер Сити | 2
Двете екипи имаат проблеми со позитивни фудбалери на ковид-19, посебно гостите. Сепак, инерцијата на Челзи е загрижувачка, посебно одбраната и голманот Менди не се на висината на задачата, па „граѓаните“ може целосно да профитираат и слават.
Хуеска – Барселона | 2-2
Лео Меси се враќа во тимот на Барса, а „фенерџијата“ во лигата е идеална можност за враќање на победите. Куман ќе го менува тимот во споредба со тимот кој играше против Еибар и со сериозен пристап ќе се радуваат на победа.
Интер – Кротоне | 1-1
Конте и „нераѕурите“ имаат идеален противник за старт на годината. Кротоне на тренерот Стропа ја запиша првата победа во сезоната, но преоптимистички е да очекува бод(ови) на „Сан Сиро“.
Алавес – Атлетико Мадрид | 2
Оваа сезона „јорганџиите“ на Симеоне не губат бодови во дуелите со малите екипи, а добро ја почнаа и новата година. Алавес им откина бодови на Реал и Барса, но стилот на игра на Атлетико не му одговара.
Реал Сосиедад – Осасуна | 1
За едно ниво Реал Сосиедад игра подобро од минатата сезона и не смее да не победува против ривали како Осасуна, ако сака да се квалификува во Лигата на шампионите. Гостите ќе играат без двајца казнети дефанзивци.