Жером Боатенг бира меѓу три лондонски премиерлигаши

Арсенал, Челзи и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.
Тоа значи дека Боатенг уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со нов клуб, па битката за неговиот потпис веќе започна.
Жозе Мурињо и Артета се во потрага по квалитетен дефанзивец, па важат за фаворити за неговиот потпис.