Венгер: Ако му требам на Арсенал, ќе се вратам
Арсен Венгер го напушти Арсенал во 2018. година, откако го водеше лондонскиот клуб цели 22 години.
Легендарниот француски тренер оттогаш нема ангажман и често е гостин како коментататор на некои од големите светски телевизии. Нема дадено многу интервјуа, а во едно од нив, водителот го праша дали би сакал да се врати во Арсенал.
„Ако му требам, ќе се вратам. Но, не очекувам повик. Не очекувам ништо, времето е доста добар доктор.“ – изјави 71-годишниот французин кој со Арсенал освои три титули во домашното првенство, вклучувајќи ја и онаа од 2004. година, кога немаа ниту еден пораз.