Мбапе најскап фудбалер на денешницата, Меси и Роналдо далеку од ТОП 10

Специјализираниот портал „Transfermarkt“, што се бави со одредување на пазарната цена на фудбалерите, ја објави листата на најскапи фудбалери во светот.
Исто како и изминатите две години, најскап фудбалер во светот е Килијан Мбапе, кој е проценет на 180 милиони евра.
Неговата вредност е за 20 милиони евра пониска од минатата година, но пандемијата си го направи своето, па падна цената на сите фудбалери во светот.
Потоа следат Рахим Стерлинг и Нејмар, со вредност од 128 милиони евра, а втора година со ред Роналдо и Меси ги нема во ТОП 10.