Арсенал го позајми Салиба во Ница

Англискиот фудбалски состав Арсенал на првиот ден од преодниот рок потврди дека младиот Вилијам Салиба ќе замине на позајмица во екипата на Ница до крајот на сезоната. -Вилијам Салиба замина во тимот од француската Лига 1. Трансферот е со цел фудбалерот да поминува повеќе време на теренот – стои во соопштението на „топчиите“. 19-годишниот фудбалер кој дејствува во одбраната е младински репрезентативец на Франција.