Познат расплетот околу Деле Али и Кристијан Ериксен?!

Тотенхем е подготвен да го испрати Деле Али како позајмен играч во ПСЖ кај поранешниот тренер Покетино, но и да доведе засилување.
Се чини дека клубот од Лондон ќе попушти, Деле Али кај Мурињо нема да добие шанса, цената му опаѓа, а тој со сите сили се бори да си замине бидејќи му се потребни минути како би играл на Европското првенство.
Поради тоа, четвртата понуда би можела да биде прифатена, бидејќи во овој момент е нејасно што клубот би добил доколку Али остане и во вториот дел од сезоната.
Поради тоа, сосема возможно е тој да замине, а во клубот да се врати Кристијан Ериксен.
Данецот падна во заборав кај Конте во Интер, а би можел да се врати во Лондон како позајмен играч со задолжителен откуп по една сезона.
Тој за Спарси има одиграно преку 300 натпревари во седум години поминати во Лондон.