Англиски шестолигаш својот најголем успех во историјата го прослави со – Адел!
Фудбалскиот клуб Чорли го постигна најголемиот успех во историјата на клубот. Англискиот шестолигаш се пласираше помеѓу најдобрите 32 екипи во ФА Купот, откако со 2:0 го елиминираше Дерби Каунти во третото коло.
Последен пат клуб од шестата лига во таа фаза се пласираше во 2008. година, кога Хавант беше поразен со 5:2 од Ливерпул, а за Чорли многу коцки се поклопија да стигне до тој успех.
Имено, целата екипа на Дерби Каунти остана во изолација поради коронавирусот, па на теренот беа јуниори кои лесно беа совладани од „постарите“ момци на Чорли.
По победата тие со песна прославија, а го избраа големиот хит на Адел „Someone Like You“, па воодушевија многумина со изведбата. На Твитер, ова видео има повеќе од шест милиони прегледи.