Достаниќ пред промоција во Зета
Екипата на Работнички одлучи да се раздели со Ратко Достаниќ по завршувањето на првиот дел од домашниот шампионат, но на српскиот стратег не му требаше многу време за да пронајде нов ангажман и во иднина ќе работи во Црна Гора.
Достаниќ ќе биде предводник на тимот на Зета, поточно доаѓа на местото на Дејан Рогановиќ. Овој состав втората етапа од кампањата ќе ја започне од петтата позиција на табелата, а тука е и настапот во Купот каде клубот од Голубовац е во полуфиналето.