„Кралевите“ ги сменија плановите, не се враќаат во Мадрид, туку патуваат за Малага

Реал Мадрид нема да се враќа во Мадрид и од Памплона ќе лета дирекно во Малага. Ова беше одлучено денес поради хаосот кој настана на аеродромите во поголем дел од Шпанија поради снегот.
Во саботата „кралевите“ играа против Осасуна и се надеваа дека ќе успеат да се вратат во Мадрид после завршувањето на мечот, но не добија одобрение.
Проблемот не е во аеродромот во Памплона, туку на тој во Мадрид, каде поради снегот авионите можат само да полетуваат, а не и да слетуваат.„Кралевите“ ќе останат во хотел, а во понеделник ќе летаат во Малага, каде во четврток ги очекува меч против Атлетик Билбао во Суперкупот.