За само 12 дена во ПСЖ, Покетино ја освои својата прва титула во кариерата
Францускиот фудбалски првак Париз Сен Жермен, осма година по ред го освои домашниот Суперкуп победувајќи во натпреварот одигран на неутрален терен во Лион против Олимпик Марсеј со резултат 2:1.
ПСЖ повеќе во 39. минута со голот на Икарди, а клубот од Париз до вториот погодок пристигна повторно благодарение на аргентинскиот напаѓач. Имено, поради прекршок над Икарди, а со помош на ВАР, досуден беше пенал кој во погодок го претвори Нејмар во 85. минута.
До крајот на натпреварот Марсеј успеа само да го ублажи поразот, а стрелец на почесниот погодок беше Дмитри Паје на една минута пред крајот.
Францускиот Суперкуп, или како што го нарекуваат Трофеј на шампионот, е прва титула во тренерската кариера на Маурисио Покетино.