Евротип предлог тикет – Недела 31.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 49 коефициент:
Челзи – Барнли | 1-1, 3+
Томас Тухел има идеален противник во вториот натпревар на клупата на „сините“ да ја запише првата победа. Барнли е лош гостин, но пред една недела го победи Ливерпул и тоа треба да е силна опомена за „сините“.
Лил – Дижон | 1, 1+ПП&1+ВП
Колидерот во Лига 1 има на хартија лесен противник и можност да ја продолжи серијата на успеси. Дижон има скромен учинок на гостинските натпревари и ретко кој може да претпостави дека може да го изнанеди Лил.
Ријека – Горица | 1
На „Рујевица“ екипата на нашиот Велковски е голем фаворит против Горица. Учесникот во групната фаза на Лига Европа игра во добар ритам и покрај повредените фудбалери, би требало да се радува на победа.
Наполи – Парма | 1-1
Киксот против Верона минатата недела беше силен удар за тимот на Гатузо. Реакцијата беше видлива против Специја во Купот, а триумф над Парма е единствената опција да се остане во врвот. Тренерот најавува промени во стартниот тим за неделниот дуел.
Лестер Сити – Лидс Јунајтед | ГГ, 3+
Две екипи кои играат преубав фудбал сезонава ќе се соочат на „Кинг Пауер“ во Лестер. Домаќинот е изразит фаворит, но и Лидс игра мотивирано против фаворитите. Верувам во многу голови и спектакл.