Навивачите наскоро се враќаат на трибините?!

Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас најави дека враќањето на навивачите на трибините е можно веќе во април. Минатата година, фудбалот во Шпанија беше прекинат на три месеци поради пандемијата на коронавирусот, а поради тоа сезоната беше завршена во текот на летото. Навивачите не присуствуваа на натпреварите од Примера и Сегунда уште од март. Во Шпанија во последните неколку денови се шпекулира околу евентуалното враќање на навивачите на стадионите, а Тебас изјави дека е оптимист и наредните недели ќе бидат клучни при донесувањето на одлуката. „Се ќе зависи од наредните неколку недели. Доколку се зголеми бројот на вакцинирани и се намали бројот на заразени, можно е навивачите во април и мај да се вратат на стадионите. Сите се наоѓаме на крајот од тунелот.“ – изјави Тебас за медумот Кадена Сер.