Солскјер има „необично“ барање од неговите играчи

Оле Гунар Солскјер има посебно барање од своите играчи, за време на натпреварите да вршат посилен притисок врз судиите кога има сомнителни ситуации.
Менаџерот на Јунајтед смета дека неговите играчи се многу „меки“, се однесуваат премногу добро кон судиите, а потенцираше дека треба да притиснат повеќе.
Солскјер изјави дека неговите играчи мора почесто да бараат судиите да се консултираат со ВАР собата, досега тоа не го правеле, сега треба да притиснат повеќе, грешки се случуваат, а судиите во Англија доста често не го користат ВАР.
„Против Шефилд моите играчи требаше да направат поголем притисок врз судијата, моите играчи се однесуваат како една многу добра група на луѓе, време е тоа да се промени, мора почесто да ги браниме своите ситуации на теренот.“ – изјави Солскјер.