Вернер: Играм во најтешката лига, треба да ги надополнам недостатоците

Тимо Вернер дојде како големо засилување во Челзи, но не ги оправда очекувањата.
На 24 натпревари во Премиер лигата постигна само пет голови, а за германските медиуми ја прокоментира целата ситуација.
„Кога имате ваква лоша серија не ве сметаат за добар напаѓач. Во Англија се игра најтешкиот фудбал. Тоа е најдобрата и најсилната лига во светот. Тешко е да се игра против сите екипи. Ме спуштија на земја, но мене ми е да работам и да ги надополнам недостатоците“, изјави Вернер.