Тотенхем веќе ја пронајде замената за Мурињо

Пред нешто повеќе од месец дена, Тотенхем се споменуваше како сериозен конкурент за титулата во англиското првенство. Тимот на Жозе Мурињо не играше најубаво, но беше ефикасен и држеше чекор со водечките екипи во лигата. Но, во последните пет натпревари, Тотенхем победи само на еден и падна на деветтото место со исто толку бодови заостанување зад позициите кои водат во Лигата на шампионите. Тотенхем се мачи, не игра добро, а „Телеграф“ тврди дека позицијата на Мурињо е „раздрмана“ и има четири натпревари да го „разбуди“ тимот. Тој весник тврди дека раководството на клубот веќе го пронајде човекот кој треба да го замени Мурињо и кој често се поврзува со големи клубови. Тотенхем е заинтересиран за Јулијан Нагелсман, а клупските претставници веќе го контактирале германецот кој сакаат да го доведат и пред крајот на сезоната. Нагелсман беше желба и на Челзи по отказот на Лампард, но Нагелсман ја одби понудата.
Единствен кој и понатаму стои зад Мурињо е претседателот на клубот Даниел Леви, што би можело да значи дека португалецот сепак ќе остане до крајот на сезоната, па потоа клубот ќе одлучува што понатаму.