Сити продава офанзивец за „само“ 13 милиони евра

Оваа сезона во Премиерлигата екипата на Лидс е омилена помеѓу љубителите на офанзивниот фудбал. Екипата на Биелса не знае за кочница, а затоа и после 25 одиграни кола има гол разлика 43:43 и се наоѓа на 10. место.
Покрај Бамфорд, Рафиња и Далас, во тимот на Лидс се издвојува и Џек Харисон.
24-годишниот фудбалер во својата деби сезона во Премиерлигата има учинок од шест голови и четири асистенции, а англиски „Атлетик“ пишува дека Манчестер Сити е подготвен да го продаде својот позајмен играч за 13 милиони евра.
Харисон од јули 2018. година настапува како позајмен играч во Лидс, а токму тој клуб е прв фаворит да го доведе, што веројатно ќе биде вистински потег за тимот на Биелса.