Дали е ова најлудата табела во Европа?
Доколку не се случи нешто спектакуларно во последните 14 кола, Јанг Бојс од Берн повторно ќе бидат прваци на Швајцарија, четврт пат по ред.
Бранителот на титулата има дури 19 бодови предност пред второпласираниот Базел, но она што е доста поинтересно е ситуацијата од второто место па натаму.
Второпласираниот Базел и последниот Вадуз ги дели само десет бодови, а славниот Базел има еднаков број на порази како и претпоследниот Сион. Базел има три порази повеќе од седмопласираниот Лугано.
Неверојатен е и податокот дека втората eкипа на табелата има гол разлика 0, а осмопласираниот Луцерн има +2. Понатаму, освен Јанг Бојс само три екипи имаат позитивна гол разлика, а никој под првопласираниот не успеа во последните пет кола да поврзи барем две победи.
Во најдобра форма освен Јанг Бојс е последниот Вадуз, кој има три победи во последните пет дуели и така се врати во борбата за опстанок.