Млад австриски талент потпиша за Баерн Минхен

Баерн Минхен денес официјално го потврди трансферот на Емилијан Метју, играч за врска кој доаѓа од австрискиот Сент Полтен. 17-годишниот фудбалер веќе дебитираше за првиот тим пред еден месец против ЛАСК и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Баерн Минхен успеа да ја победи конкуренцијата и го договори неговиот трансфер, а Метју ќе се пресели во Минхен по завршувањето на сезоната и ќе потпише договор до 2025 година. Австриецот најпрво ќе игра со младиот тим на Баварците, но медиумите пренесуваат дека станува збор за исклучителен талент и го споредуваат со Алаба.