Билбао може да освои два исти трофеи за само 13 дена!

Атлетик Билбао во период од само 13 дена ќе одигра две финалиња во Купот на кралот. Со победата над Леванте со резултат 2:1 по продолжението, Билбао се пласираше во уште едно финале на Купот. Доколку заборавивте, минатогодишното финале на Купот беше одложено за април 2021. година, бидејќи баскиските ривали, Билбао и Сосиедад побараа, доколку е потребно, да сочекаат и година дена, како би играле финале пред своите навивачи. Сепак, ниту година дена подоцна, Билбао и Сосиедад нема да играат пред навивачи, а одложеното финале од минатата година е закажано за 4. април. Значи, само 13 дена пред овосезонското финале од Купот во кое Билбао ќе се сретне со Барселона. Интересно е тоа што Билбао и Барселона во јануари играа и финале на Суперкупот на Шпанија, во кое баскијците славеа по продолжение со 3:2.