Мусијала ќе го памети овој ден засекогаш!

Суперталентираниот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусијала го потпиша првиот професионален договор со европскиот и светски шампион, пренесува германски Билд.
Како што се наведува, фудбалерот кој е роден во Германија потпиша петгодишен договор со лидерот на Бундеслигата, по кој ќе заработува пет милиони евра по сезона.
Мусијала пристигна во Минхен во 2019. година како 16-годишен фудбалер од младинската категорија на Челзи, а дебитираше година подоцна против Фрајбург.
Оваа сезона веќе има 27 настапи и постигна четири погодоци, меѓу кои е и минатонеделниот на гостувањето кај Лацио во Лигата на шампионите.
Првиот професионален договор е само една од низата позитивни работи кои годинава му се случија на од скоро полнолетниот офанзивен играч за врска.
Неодамна тој избра да настапува за репрезентацијата на Германија, иако ги помина младинските категории на Англија.