Гатузо се сели во Премиерлигата?

Наполи во моментот се наоѓа на позицијата број шест на табелата во Италија.
Кампањата во Лига Европа ја завршија неславно, Гранада се покажа како подобра во двата натпревари. Делува дека од тогаш за Гатузо секој нареден натпревар е пресуден. Сепак, изгледа дека разделбата на двете страни ќе се случи по крајот на сезоната, иако кога Де Лаурентис е во прашање, се е возможно.
На Гатузо нема да му недостасуваат понуди, и тоа од оние богатите. Италијанските медиуми пишуваат дека Вулверхемптон е најзагреан за младиот стручњак.
„Волците“ не се на нивото од минатата сезона, Нуно Еспирито Санто има договор до 2023. година, но се чини дека е време за „свежа крв“. Останува да видиме како тоа ќе го поднесе португалската колонија во Англија, но секако дека би било интересно да го видиме Гатузо повторно нa Островото.
Овој пат во својство на тренер.