Леброн ја продава 20 милионската палата, еве како изгледа! (видео)
Леброн Џејмс го продава својот имот во Лос Анџелес за помала сума од таа што ја плати во 2015. година.
Тоа не значи дека кошаркарскиот суперстар е во финансиски проблеми, ниту дека ги напушта Лејкерси. Иако на овој имот често беше гостин и додека играше за Кливленд, као член на Лејкерс веќе некое време живее во друга куќа.
Тој дури има и уште еден имот на истата улица во Брентвуд, кој во 2017. година го плати 23 милиони долари, а минатата година во Беверли Хилс ја купи некогашната куќа на глумицата Кетрин Хепбрн, наводно за 36.8 милиони долари.
Овој имот во Брентвуд е стар десет години, а Леброн пред шест години го плати 21 милион долари. Сега, го продава за незначително помалку, 20.5 милиони.
Имотот се протега на 883 метри квадратни, а познат е по инцидентот од 2017. година кога некој на влезот со спреј напиша погрдни зборови кон афроамериканците.
Населбата Брентвуд во Лос Анџелес е позната по тоа што, само неколку улици подалеку, живееше О.Ј. Симпсон во време кога таму беа убиени неговата сопруга и нејзиниот пријател.