Македонскиот „дијамант“ се сели во Лисабон?

Македонскиот бисер, нашиот репрезентативец Елиф Елмас на крајот од оваа сезона би можел да ја заврши авантурата во Наполи и да се пресели во Португалија и тоа во дресот на Бенфика, пишуваат италијанските медиуми. Според информациите, португалскиот великан нуди 20 милиони евра за услугите на Елмас, а новинарот Емануеле Камарато за „Наполи Магазин“ вели дека останува да видиме дали клубот ќе ја прифати понудата. Еминентниот Трансфермаркт моментално го вреднува Елмас на 18 милиони евра, а со Наполи има важечки договор до 30. јуни 2025. година. Елмас ја игра втората сезона во Наполи, во тековниот шампионат од Серија А има 21 настап и два погодоци. Наполи најавува сериозни промени, не се задоволни од Елмас како се интегрираше во тимот, а не се задоволни и од неговиот учинок и затоа можна е разделба.