Ибрахимовиќ се враќа во репрезентативниот дрес!

Долго се шпекулираше за евентуалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во шведската репрезентација, а сега дојде време тоа и официјално да се објави, наведува шведскиот медиум ФотболДирект. Шведскиот медиум објави дека има потврда од повеќе извори дека Ибрахимовиќ ќе се најде на следниот список на селекторот Јане Андерсон за квалификациите за Светското првенство во Катар. Така, Златан ќе има право на настап на натпреварите против Грузија, Косово и Естонија во првиот репрезентативен циклус кој на распоредот е на крајот на овој месец. За потсетување, Ибрахимовиќ за репрезентацијата не настапува уште од Европското првенство 2016 година, а во своите 116 настапи за репрезентацијата има 62 погодоци, најмногу во историјата на Шведска.