Блејк Грифин е слободен играч, се создава тим кој ќе биде непобедлив?!

Блејк Грифин, кошаркарот на Детроит Пистонс, ќе стане слободен играч откако го откупи својот договор, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски. Кошаркарот на Пистонси не се наигра оваа сезона, запиша само 20 натпревари, а ниту повредите не му помогнаа. Освен тоа, на Детроит му „тежеше“ и неговиот договор кој вредеше повеќе од 30 милиони долари по сезона. На Грифин нема да му биде проблем да пронајде нов клуб, бидејќи интерес за него пројавуваат Бруклин, Голден Стејт, Мајами и Портланд. Засега, најконкретен во својот интерес е Бруклин, кој доколку го доведе Грифин, заедно со Ирвинг, Харден, Дурант и останатите, ќе биде тимот кој ќе делува навистина непобедливо во НБА.