Захави негира договор меѓу Барса и Алаба

Пини Захави кој му е менаџер задолжен за трансфери на фудбалерот, Давид Алаба, веднаш ги демантираше извештаите дека е постигнат договор со челниците на Барселона.
Вчера „Мундо Депортиво“ напиша дека дефанзивецот на Баерн Минхен се договорил со шпанскиот клуб и во текот на летото ќе се пресели на „Камп Ноу“. -Тоа не е точно“, изјави Захави.
Познато е дека 28-годишниот играч одби да го продолжи договорот со Баварците и затоа ќе си замине како слободен агент. Според шпанските медиуми, новиот претседател на Барса, Хуан Лапорта имал состанок со Захави на кој ветил дека набрзо ќе даде конкретна понуда за Алаба.