Скудетото е веќе во главата на дефанзивецот на Интер

Фудбалерот на Интер, Милан Шкринијар изјави дека неговата екипа веќе не е „лудиот Интер“. Интер е во серија од седум победи по ред во италијанското првенство, односно 10 натпревари без пораз и е прв на табелата со шест бодови повеќе од второпласираниот Милан. „Ова веќе не е лудиот Интер. Ова е Интер на Конте. Оваа година Серија А е поизрамнета во однос на минатата сезона. Среќни сме што сме први, но мораме тука да останеме до крајот.“ – изјави Шкринијар. Шкринијар го постигна победоносниот погодок во натпреварот против Аталанта, а Интер сезонава е доста критикуван поради дефанзивната игра. „Не им се допаѓа на сите нашиот стил на игра, но во овој момент најважно е да се победува. Мораме да освојуваме бодови дури и ако играме лошо.“ – наведува словачкиот фудбалер. Тој рече и дека на своето тело ќе го истетовира шампионскиот трофеј доколку Интер го освои. „Мораме да се концентрираме како би правеле што помалку грешки. Ако го освоиме Скудетото, ќе го истетовирам на мојата кожа. Тоа ќе биде момент за паметење.“ – заклучи Шкринијар.