„Светците“ желни за реванш против европскиот првак

Во таборот на ПСЖ дадоа свое мислење за ждрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите, која реши да се повтори ланското финале, кога Парижаните загубија од Баерн Минхен. Ждрепката сакаше ПСЖ да игра против актуелниот шампион Баерн Минхен, а во ПСЖ не се многу среќни поради тоа. „Среќни сме што стигнавме до оваа фаза од натпреварувањето. Ние сме меѓу осумте најдобри тимови во Европа кои започнаа да се борат меѓусебно. Лигата на шампионите е многу тешко да се освои. Мора да играме против најдобрите и ќе се соочиме со актуелниот шампион. Секако, ждрепката е тешка, но има изненадувања. Ќе играме против најдобриот тим на континентот во моментов. Ние сме оптимисти и нашиот тим ќе биде конкурентен. Ја елиминиравме Барселона, а сега сме фокусирани на Баерн, има само една цел: да се пласираме во полуфиналето“, изјави Маурисио Почетино за клупската веб- страница. „Клубовите се познаваат меѓу себе и има многу почит меѓу нас. Ние исто така знаеме колку бевме близу до трофејот во Лигата на шампионите минатата сезона и со нетрпение очекуваме уште еден одличен двомеч со Баерн. Јас сум навистина сигурен дека нашиот тим ќе биде решен да даде се од себе за еден од најголемите натпревари во Лигата на шампионите“, додаде претседателот на клубот Насер Ал- Келаифи.