Платен милиони, а сезонава нема да одигра ниту еден натпревар
Талентираниот унгарски фудбалер Доминик Собослај, за кого Лајпциг му плати на Салцбург 20 милиони евра, ја заврши сезоната поради повреда и проблем со адукторот, пишува германски Билд. Собослај, кој е еден од најбараните фудбалери на денешницата, не одигра ниту еден натпревар за клубот од источна Германија каде пристигна на почетокот од годинава. Оваа информација можеше и да се очекува, бидејќи неодамна тренерот Јулијан Нагелсман изрази скептичност по прашањето кога може да се врати на терен најголемото зимско засилување. Деталните прогнози за неговото отсуство ќе бидат познати кога клубот официјално ќе се огласи.