„Меси и Нејмар повторно ќе играат заедно!“

Иднината на најголемата бразилска ѕвезда Нејмар, веќе долго време е во центарот на вниманието на европските медиуми, а една од потенцијалните опции за фудбалерот на ПСЖ е враќање во Барселона. На таквите информации важност им даде и главниот шеф на скаутинг тимот на Барселона во Јужна Америка, Андре Кури. „Нејмар ќе игра со Меси, но во Барса, не во Париз Сен Жермен. Се сомневам дека тоа може да се изведе во било кој друг тим освен Барселона“– изјави Кури за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Новата управа на Барса на чело со Жоан Лапорта има план да го задржи Меси во Барселона, а за таа цел ќе му понуди доживотен договор на Аргентинецот. Меси и Нејмар заедно настапуваа во Барселона од 2013. до 2017. година, а нивното партнерство со Уругваецот Луис Суарез, се смета за едно од најдобрите во историјата на фудбалот.