Нов скандал – фудбалер осуден на 10 години затвор поради силување!
Репрезентативецот на Сиера Леоне и поранешен голман на Бристол Сити, Алхај Сесај е осуден на 10 години затвор поради силување и обиди за силување во тоалети во ноќни клубови. Ова не е прв пат Сесај да биде уапсен, затоа што нешто слично се случило и во јули 2019. година кога зароби жена во тоалет и се обидел да ја силува. Тогаш жртвата успеала да се ослободи и да повика помош, што на крајот резултираше со апсење на голманот на местото на настанот. Сега, Алхај ги следел жените кои оделе до тоалет и потоа насилно се обидувал да влезе. Меѓутоа, камерите го забележале неговото злосторство и поради тоа мораше да оди на суд. Сесај е осуден поради едно силување, како и два обиди за силување и тоа на две различни жени, било кажано на судењето во Бристол, пренесува Мирор. Судијата на овој случај кажал дека Алхај е „силувач и сексуален грабливец“. Исто така, кажа дека со своите постапки значајно ги повредил двете жртви, од кои една претпрела и тешка психолошка тортура. „Сакам да оддадам признание за нивната неверојатна храброст што ги пријавија овие кривични дела кои се направени над нив, како и поради давање пресудни докази на судот и поддршката во нашата истрага, што резултираше со затворање на овој опасен сексуален престапник кого го чека долга робија“– кажал Тоби Хајс, судијата во овој процес. Инаку Сесај кој сега ќе мора во затвор има само 22 години.