Кулибали го напушти ПСЖ и потпиша за Борусија Дортмунд

Сумаила Кулибали, младиот стопер на ПСЖ кариерата ќе ја продолжи во Борусија Дортмунд. 17 годишниот дефанзивец ги помина сите помлади селекции на Франција и се смета за еден од најталентираните фудбалери во неговата земја. Во ПСЖ тој дојде во 2019 година, а сега одлучи да гради кариера во Борусија. Со „милионерите“ тој потпишал договор на пет години. Ќе потсетиме, претходно Дан Аксел Загаду исто така од ПСЖ премина во Борусија.