Њукасл тоне, Брус не сака да поднесе оставка

Менаџерот на Њукасл, Стив Брус изјави дека нема да го напушти клубот по поразот од Брајтон од 3-0 синоќа и е убеден дека може да му помогне на тимот да ги подобри своите перформанси.
„Страчките“ се во серија од шест натпревари без победа и го заземаат 17-тото место на табелата. Фановите го повикаа сопственикот Мајк Ешли да го отпушти 60-годишниот Брус по неуспехот во саботата.
„Прифаќам дека не сме доволно добри. Го прифаќам ова и ќе видам што ќе сторам, но нема да се откажам. Долго време сум во професијата. Јас не сум еден од оние луѓе кои само си заминуваат по пораз. Да се соочиме со тоа, имаме уште 9 натпревари. Сè уште сме уверени дека можеме да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме”, рече тој.