Фонсека: Рома нема менталитет за место меѓу четирите најдобри во Серија А
Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, по вчерашниот пораз од Наполи на домашен терен со 2-0 беше исклучително лут на своите фудбалери.
„Веројатно немаме менталитет да се бориме за место меѓу најдобрите четири. Во првото полувреме видов тим без храброст, ментално ранлив, но по паузата, сè беше спротивно. Генерално, ова не е играта што сакам да ја прикажеме. Не успеавме во првото полувреме затоа што ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова, затоа што кога се плашите да играте и да изгубите, станува премногу тешко. Фактот дека второто полувреме беше сосема поинакво зборува за проблемите во психологијата“, рече Фонсека.
По 28 натпревари, Рома се наоѓа на шестото место на табелата.