Бирхоф: Германија ќе покаже дека е фаворит во групата
Репрезентацијата на Германија со нетрпение го чека стартот на квалификациите за Светското првенство и да обезбеди пласман на завршниот турнир следната година во Катар, и покрај тешкотиите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, изјави директорот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС) Оливер Бирхоф.
„Ние сме возбудени и многу мотивирани за овие натпревари. Сакаме да покажеме дека сме фаворити во групата”, изјави Бирхоф пред новинарите пред домашниот натпревар против Исланд во четврток. Германија потоа ќе отпатува за Романија во недела, пред да биде домаќин на Македонија во Дуизбург, каде ќе ја пречекаата нашата репрезентација на 31 март.
Тренерот Јоаким Лев треба да почека на доаѓањето на Џошуа Кимих доцна во понеделник или вторник, бидејќи sвездата на Баерн Минхен има настинка, додека левиот бек на Аталанта, Робин Госенс е со повреда на мускулот и е незивесен. Германија ќе игра за прв пат откако ја заврши сезоната во Лигата на нациите со пораз од Шпанија од 0:6 во ноември.
Првите натпревари, според Бирхоф, треба да испратат „добар сигнал“ и „да соберат самодоверба за летото“. Тој додаде дека Лев останува оптимист и има многу очекувања за завршување на неговата 15- годишна кариера како селектор на Германија.