За малку киднапирана цела фудбалска репрезентација! (видео)

Репрезентацијата на Белизе за влакно избегна киднапирање на целата екипа по доаѓањето на Хаити на квалификациски натпревар за СП 2022. Игарчите на Белизе со автобус патуваа кон хотелот, кога на патот излегоа неколку лица вооружени со автоматски пушки. Набрзо автобусот беше обиколен со неколку мотоцикли, а вооружените лица му наредија на возачот да го спушти прозорот и да разговара со нив. Се чинеше дека ќе го киднапираат автобусот, но потенцијалната трагедија во последен момент ја спречи полицијата која ги следеше. „Згрозени се од она што се случи по пристигнувањето на Хаити и во контакт сме со ФИФА и КОНКАКАФ, како би им дале максимална безбедност на наите фудбалери при нивниот престој таму. Иако се видно потресени од она што се случи, сите играчи се добро и покажаа огромна храброст.“ – стои во соопштението на репрезентацијата на Белизе.