Фудбалерите на Интер добија дозвола да настапат за репрезентациите
На фудбалерите на Интер сепак ќе им биде дозволено да играат за своите национални тимови. Интер беше „затворен“ поради неколку позитивни случаи на коронавирус, но на некои играчи ќе им биде дозволено да настапат за своите репрезентации под одредени услови. Тие ќе мора да патуваат со приватни авиони, а ќе им биде ограничено и движењето колку што е можно, односно ќе им биде дозволено да тренираат во спортскиот центар и да се вратат во својата „резиденција“. Хрватска, Словачка, Данска и Белгија испратија барања за Брозовиќ, Перишиќ, Шкринијар, Ериксен и Лукаку да добијат дозвола да играат за своите тимови. Истото го направи и Мароко за Хакими. По враќањето на репрезентативците, Интер ќе биде главен фаворит за освојување на титулата, бидејќи има шест бодови повеќе од Милан (и натпревар помалку), а десет бодови повеќе од Јувентус.