УЕФА го укинува финансискиот фер-плеј
Европската фудбалска унија (УЕФА), во блиска иднина има во план да го укине финансискиот фер-плеј. УЕФА го воведе овој систем за да ги спречи големите и финансиски моќни клубови да завладеат со фудбалот.
Италијанскиот новинар, Танкредо Палмери, објави дека УЕФА ќе воведе нов систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголеми слободи во трошењето на парите.
Ова значи дека богатите клубови повеќе нема да имаат ограничувања и веројатно е дека повторно ќе сведочиме на големи трансфери.
Трансфер-рекордот се уште го држи ПСЖ, кога во август 2017 година на Барселона за Нејмар ѝ плати 222 милиони евра.