Уапсен поранешен фудбалер, му пронајдоа 310 килограми дрога!

Поранешниот фудбалер на Хамбург и младата репрезентација на Германија, Мустафа Кучуковиќ е уапсен под сомневање дека тргувал со дрога, пишуваат германските медиуми. Во Хамбург и Гелзенкирхен се уапсени две личности поради трговија, а еден од нив е Кучуковиќ. Биле уапсени бидејќи продавале недозволени средства во Хамбург, а кај нив се пронајдени 230 килограми марихуана, 30 килограми хашиш и 50 килограми кокаин.
Кучуковиќ е роден во Босански Нови, а 2004. година настапуваше за младата репрезентација на Германија заедно со Мануел Нојер и Матс Хумелс. Беше голем талент, но не направи голема кариера. По заминувањето од Хамбург во 2007. година, настапуваше за, помеѓу другите, Гренобл, Сондерјиске, Котбус и Ханза Росток.